дома Македонија ЕКСПРЕС ОТКРИВА: Еве кој предложил забpaна на колумни

ЕКСПРЕС ОТКРИВА: Еве кој предложил забpaна на колумни

Новинарот Бранко Героски вчера објави дека постои иницијатива за забpaна за слободно пишување колумни но не кажа чија е иницијативата. Денеска активисти на социјалните мрежи откриваат дека иницијативата е јавно објавена на дописничката на Македонската државна Информативна Агенција (МИА) во Брисел, Тања Милевска, пренесува порталот ЕКСПРЕС.мк

Таа на 2 август јавно предложила се додека темелно не се реформира македонското новинарство да се забpaни објавување на колумни од страна на медиумите во Македонија.

Милевска дозволува да може да се објави само по една колумна неделно но само ако има редакциски консензус.

Тања Милевска во 2017 година го замени како дописник на МИА Бобан Нонковиќ.

Нејзината мајка поранешната новинарка Светлана Јовановска од март е одговорна за комуникации во македонската мисија во ЕУ во Брисел а вујко и е познатиот новинар на Новатв.мк и 1ТВ Борјан Јовановски.

За дел од колегите на Милевска предлогот да се забpaни слободно објавување колумни во Македонија е шokантен затоа што таа важи за ултралиберална по прашањето за човековите пpaва и медиумската слобода.

Милевска важи за новинар со одлични контакти во седиштето на ЕУ но и за влијателна во нависоките ешалони на владата на Заев.