дома Актуелно СИН НА ЕКСТРЕМИСТ И ЗЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИК ГО СИМНАЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: На...

СИН НА ЕКСТРЕМИСТ И ЗЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИК ГО СИМНАЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: На местото на Македонското закачиле Албанско знаме!

Во 16,00 ч. на Плоштадот во Куманово 2 НН лица од јарболот го симнале на подолна зона македонското знаме а на горната зона ставиле албанско знаме. Од страна на полициски службеници од СВР-Куманово приведени се лицата при што е констатирано дека се работи за Локман Садики (2000) и Љуан Кадрија (1996) и двајцата од с.Слупчане-Куманово.

Кадрија Реџеп е познат по екстремизам, син му Кадрија Луан е зет на Дураку Садула градоначалник на СО Липково.

Националистичката реторика на албанските лидери, со кои се потпалува етничка омраза може да вроди само со вакви постапки на загрозување на меѓуетничкиот соживот и предизвикување на провокации кои би можеле да прераснат во поголемсудир.