дома Македонија ЕКС-МИНИСТЕРКАТА ЈАНКУЛОСКА: Катица Јанева и СЈО исполнуваат нарачки од СДСМ и отвараат...

ЕКС-МИНИСТЕРКАТА ЈАНКУЛОСКА: Катица Јанева и СЈО исполнуваат нарачки од СДСМ и отвараат истраги без аргументи!

Како по правило, партиските гласила на СДСМ финансирани од Сорос оркестрирано, во хор, се ставија во функција на мегафони кои не почувствуваа потреба да побараат став од никој од посочените личности и институции, пишува ексминистерката за внатрешни работи


Соочени со сè погласните критики за нивното партиско дејствување, денеска од СЈО заради исполнување желби и нарачки од СДСМ, се обидоа да го свртат вниманието со отворање измислени истраги без никакви аргументи, искоментира вчера поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на нејзиниот фејсбук-профил.

Како по правило, пишува таа, партиските гласила на СДСМ финансирани од Сорос оркестрирано, во хор, се ставија во функција на мегафони кои не почувствуваа потреба да побараат став од никој од посочените личности и институции.

– СЈО може да отвори уште милион измислени истраги што се производ на конструкции, без никакви докази и аргументи. Но тоа нема да ги направи вистина нивните лаги и нема да ја покрие нивната партиска подреденост кон СДСМ, ниту ќе го компензира недостигот на професионален капацитет, морален кредибилитет и крајно проблематичен интегритет на Катица Јанева и нејзиниот партиски тим во СЈО – напиша Јанкулоска на Фејсбук.