дома Економија ЕКС МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ НИКОЛА ПОПОВСКИ СО КРИТИКИ ДО ВЛАДАТА: Владата ја...

ЕКС МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ НИКОЛА ПОПОВСКИ СО КРИТИКИ ДО ВЛАДАТА: Владата ја води економијата во погрешен правец и ја социализира со јавни пари

Во вчерашното гостување на 1ТВ Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии од редовите на владата предводена од СДСМ ја критикуваше сегашната влада на СДСМ за начинот на водење на економските политики.

Поповски објасни дека прво многу е важно какви цели ќе поставите и какви целни индикатори. Што е целта, целта може да биде погрешна, и вие да сте убедени дека е добра и да мислите дека ги водите задачите на економската политика, инструментите и мерките, да ги расчлениме сега кон зацртаната цел. И можеби да сте успешни во тоа но целта да е погрешно поставена. И тогаш доаѓате за 2-3 години во сериозно отрезнување дека трчате во погрешен правец и ја влошувате состојбата.

При образложување на погрешни цели и задачи во економската политика Поповски посочи пример.

„На пример сега владата, општите цели ги преточува во задачи, побрз развој, повисока стапка на животен стандард, помала невработеност итн. Затоа воспоставува задачи и една од задачите што има воспоставено за подобар раст на Македонија и унапредување на економија е обилна државна помош на приватниот сектор, тоа и е задача. Имате фонд за иновации, имате потпора на градежништвото преку пренатрупани градежни и јавни работи непотребни. После имате ова што е фондот за законот за развој за инвестиции ги помагате, нови вработувања, нови инвестиции. Сега за нив целта е тоа да се оствари и таа задача. Но можеби и задачата е погрешна и сега они ќе речат успеваме но индикаторите покажуваат дека успевате можеби во погрешна насока“ – појасни Поповски.

Поповски дури рече – „Ако ние сакаме функционална пазарна економија тогаш не можеме ние да ја социјализираме економијата со јавни пари. Да ги помагаме инвестициите, вработувањата пренагласено“.