Екcпepтитe co нajнoвa cтyдиja: Бeзбeднo e дa ce пpими вakцинa пpoтив „Koвид-19“ и вakцинa пpoтив гpип вo иcтo вpeмe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Безбедно е да се примаат вакцината против „Ковид-19“ и вакцината против грип во исто време, и тоа не влијае негативно на имунолошкиот одговор што го предизвикуваат, покажа британска студија објавена денеска.

Студијата, предводена од Универзитетот во Бристол, покажа дека пријавените несакани ефекти обично биле благи до умерени. Ова испитување било спроведено со три вакцини против грип и вакцините против „Ковид-19“, произведени од „Фајзер/Бионтек“ или од „Астра зенека“, пренесуваат светските агенции.

Студијата опфати 679 доброволци на 12 локации низ Англија и Велс, и беше објавена како работна верзија на трудот, која ќе биде објавена во списанието „Лансет“.

Велика Британија и другите земји на северната хемисфера се подготвуваат за тешка зима и можност за зголемување на бројот на заболени од грип, имајќи предвид дека се олеснети ограничувањата за „Ковид-19“ поврзани со социјалната дистанца.

Третата доза на вакцината против „Ковид-19“ во Велика Британија во моментов се дава на стари и чувствителни луѓе, како и здравствени работници, додека владата на премиерот Борис Џонсон, исто така, ја објави најголемата програма за вакцинација против грип во историјата оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This