April 24, 2024, 11:25 am

Екcпepти твpдaт: Зa пaндeмиjaтa oд кopoнa виpycoт ce kpиви Кина и СЗО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Независниот одбор соопшти дека во јануари 2020 година, кинеските власти можеле поригорозно да применат мерки за јавно здравје за да се спречи почетната епидемија на ковид-19.

Одборот ја критикуваше Светската здравствена организација (СЗО) за неуспехот да се прогласи меѓународна вонредна состојба до 30 јануари. Експертите кои ја разгледуваат глобалната реакција на пандемијата, предводена од поранешната премиерка на Нов Зеланд, Хелен Кларк и поранешната претседателка на Либерија, Елен Џонсон Сирлиф, повикаа на реформи во агенцијата на Обединетите нации со седиште во Женева. Нивниот привремен извештај беше објавен неколку часа откако главниот експерт за вонредни состојби на СЗО, Мајк Рајан, рече дека глобалната смртност од ковид-19 се очекува да достигне 100.000 лица неделно.

„Она што на Комитетот му е јасно е дека локалните и националните здравствени власти во Кина можеа посилно да ги применат мерките за јавно здравје во јануари“, се вели во извештајот, а се однесува на првичната епидемија на ново заболување во централниот град Вухан, во провинцијата Хубеи. Бидејќи се појавија докази за пренесување од човек на човек, „во премногу земји овој сигнал е игнориран“, се додава.

Особено, се постави прашањето зошто Комитетот за вонредни состојби на СЗО не се состана до третата недела од јануари и не прогласи меѓународна вонредна состојба до вториот состанок на 30 јануари 2020 година.

– Иако терминот пандемија не е употребен или дефиниран со Меѓународните здравствени регулативи (2005 година), неговата употреба служи за привлекување внимание на сериозноста на здравствениот настан. СЗО го употреби терминот само на 11 март – се наведува во извештајот на Независниот одбор.

 – Глобалниот систем за предупредување за пандемија не е соодветен за неговата намена. Светската здравствена организација е овластена да ја работи таа работа – се вели во извештајот. Панелот повика на „глобално ресетирање“ и рече дека ќе даде препораки во финалниот извештај до министрите за здравство од 194 земји-членки на СЗО во мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This