дома Автомобилизам ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ НЕ СЕ ТОЛКУ „ЗЕЛЕНИ“: Приказната за „нулта емисии“ се само...

ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ НЕ СЕ ТОЛКУ „ЗЕЛЕНИ“: Приказната за „нулта емисии“ се само мит!

Најголемата причина поради која расте продажбата на електричните автомобили, долго време беше митот дека не емитуваат штетни издувни гасови. За воља на вистината тоа не е точно

Промената од возила кои возат на нафта на електрични возила е исто како замена на ауспухот на колата со оџакот на производствен погон за електрична енергија. Електричните возила се движат со помош на електрична енергија, доколку не живеете во Норвешка тоа значи дека електричната енергија ја добивате од различни фосилни горива, нуклеарна енергија и во помал процент обновлива енергија.

Тогаш колку е зелено вашето електрично возило зависи од тоа каде го вклучувате да се полни. Електрично возило во Норвешка е веројатно најблиското нешто до возило со нула емисии на сталкленички гасови, бидејќи Норвешка се снабдува со електрична енергија само од обновлив извор на енергија, вода.

Најголем дел од пазари во светот се потпираат во голема мера на фосилни горива. Кина, која претставува далеку најголем пазар за електрични возила, зависи од јаглен. Америка е зависник од природен гас. Обединетото Кралство и Франција користат нуклеарна енергија.

И тоа е само почеток. Дури и различни региони во една земја се потпираат на многу различни ресурси за енергија. Земете ја САД за пример, каде што Калифорнија практично воопшто не користи јаглен, а Тексас се потпира на јаглен за повеќе од една четвртина од вкупната енергија која ја добива. Дури и кај емисиите на сталкени гасови од јаглен постои разлика од термоелктрична централа до термоелектрична центра, поради различната законска регулатива која ја регулира емисијата.

Земете ги предвид емисиите на термоелектраната, вашиот електричен автомобил лесно може да биде одговорен за повеќе од 100 грама емисии на јаглерод диоксид за секој 1.6 поминати километри.