дома Македонија Елми Азири од Алијанса предложен за трет потпретседател на Собранието

Елми Азири од Алијанса предложен за трет потпретседател на Собранието

Алијансата за Албанците доставила предлог, потпретседател на Собранието од албанската опозиција да биде пратеникот Елми Азири, дознава Алсат-М. Во меѓувреме, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, изјави дека е на став против големиот број потпретседатели во Собранието, но додава дека раководните позиции во законодавниот дом треба да бидат според законот, да има тројца потпретседатели, а не пет како што одлучи спикерот Џафери.

„Потпретседателот на Парламентот е исто така и во буџетскиот совет на Парламентот, особено затоа што во рамките на дијалогот ‘Жан Моне’ Парламентот ќе има свој буџет. Затоа ние не сме против тоа да имаме потпретседател, но да го почитуваме правилото како што се почитува во Државната изборна комисија и на други места, тоа да се одразува и во Парламентот. Тоа значи дека еден претседател и двајца потпретседатели се доволни“, кажа Села.