Главниот извршен директор и основач на „Тесла“ и „Спејсекс“, Елон Маск во изминатото деноноќие го привлече вниманието на многумина со само два твита.
Првиот твит ги збуни членовите на Левицата уберени дека нивната поддршка за тековните протести ширум САД и нападите врз работата на претседаелот Доналд Трамп, без разлика дали физички (немири, грабежи) или филозофски (проектот 1619), ја делеа сите во таканаречениот центар на политичкиот спектар.
Сепак, Маск покажа дека таквиот приказ во јавноста не баш точен.
„Левицата ја губи средината“, твитна Маск.
The left is losing the middle
— Elon Musk (@elonmusk) July 27, 2020
Кратко потоа следуваше нов твит на Маск, кој директно го нападна и таткото на комунизмот, Карл Маркс пишувајќи поконкретно, „Дас Капитал накусо“, проследено со слика на Маркс со изјава на квази-германски јазик, „Даj ми го тоа бесплатно”.
Das Kapital in a nutshell pic.twitter.com/mG44mMkitx
— Elon Musk (@elonmusk) July 27, 2020
Со ваквите пораки, еден од најголемите изумители на нашето време, порачува дека силите што работат на оцрнување и соборување на администрацијата на Трамп, се обидуваат да дојдат до моќ без притоа да имаат што да покажат зад себе, но и со утивање на тоа што веќе е направено
Очигледното отфрлање на левичарската догма од Маск е доказ веќе некое време тој дава индикации за тоа колку е незадоволн од левичарското управување на неговата матична држава Калифорнија, повикувајќи ги следбениците на Твитер да им се придружат на конзервативците на Америка.