дома Занимливости Елон Маск повторно заслужен за поскапување на криптовалута – поскапе за 1000...

Елон Маск повторно заслужен за поскапување на криптовалута – поскапе за 1000 отсто за еден ден

Elon Musk, founder of SpaceX, speaks during the Satellite 2020 at the Washington Convention CenterMarch 9, 2020, in Washington, DC., Image: 504949742, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Brendan Smialowski / AFP / Profimedia

Основачот на „Тесл“а и „СпејсЕкс“, Елон Маск, уште еднаш предизвика промени на пазарот на криптовалути со порака на Твитер. Тој објави фотографија од своето ново милениче „Шиба Ину,“ додавајќи: „Пристигна Флоки“.

Пораката со фотографија на Твитер веднаш влијаеше на девизниот курс поврзан со криптовалутата „Шиба Флоки“, чие име потекнува од древната раса на кучиња со потекло од Кина. Според „CoinMarketCap“, криптовалутата порасна за 958% за еден ден.

Друга криптовалута, „Флоки Ину“, порасна за 59,08% за 24 часа, додека „Флоки Шиба“ порасна за 23,46%.

Ова не е првпат Маск да предизвика нагло зголемување на цените на криптовалутите. Во август, цената на „Шиба Ину“ скокна за 16% откако шефот на „Тесла“ напиша на Твитер дека на своето ново милениче му го дал името „Флоки“.

Скоковите предизвикани од Маск обично се проследени со пад. Претходно оваа година, тој неколкупати го пофали „Доџкоин“, што доведе до скокови на девизниот курс, но многумина го обвинија дека ги инвестира своите пари во оваа криптовалута и манипулира со нејзиниот курс.