„ЕМА“ дaдe зeлeно светло за двa лeka co aнтитeлa зa Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска даде позитивно мислење за два третмана против ковид-19 – Ронапреве и Регкирона.

Двата третмана се наменети за употреба во раните фази на инфекцијата, а засновани се на антивирусни моноклонски антитела, пренесува РТЕ.

ЕМА наведува дека Ронапреве на компанија на Рош е одобрен за превенција и третман на Ковид-19 кај возрасни и адолесценти (од 12 години и со тежина од најмалку 40 килограми) на кои не им треба дополнителен кислород и на кои им е зголемен ризикот нивната болест да стане тешка.

Регкироне на компанијата Целтрион хелткер Хангари е одобрена за третман на возрасни со Ковид-19, на кои не им треба дополнителен кислород и кои исто така се изложени на зголемен ризик нивната болест да стане тешка.

Ронапреве и Регкирона се првите лекови со моноклонски антитела кои добија позитивно мислење за ЕМА.

Досега единствениот третман против Ковид-19 одобрен во ЕУ беше Ремдесивир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This