“ЕМА“ пoтвpди: Двe дoзи вakцинa ce eфикacни пpoтив дeлтa cojoт нa Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската агенција за лекови (ЕМА) потврди дека две дози од вакцините одобрени во ЕУ се ефикасни против делта сојот и препорачува да се комплетира вакцинацијата на најранливите лица што побргу, јави дописничката на МИА од Брисел.

Докторот Марко Кавалери од ЕМА порача дека агенцијата е свесна дека новата мутација на вирусот, позната како делта, брзо се шири во Европа и дека во овој момент вакцинацијата се чини единствен начин да се спречи нов смртоносен бран како претходните.

– Се чини во овој момент дека целосна вакцинација со вакцина одобрена во ЕУ заштитува против сите соеви на вирусот, вклучително и делта сојот, докази од реалниот свет покажуваат дека две дози заштитуваат од делта сојот, а во лабораторија се покажува дека антителата исто така го неутрализираат, изјави Кавалери.

Тој побара од властите во земјите на ЕУ да продолжат со мерки за заштита на јавното здравје со посебен фокус на најстарите и најранливите категории граѓани за да се спречи дополнително ширење на вирусот подоцна во текот на оваа година.

ЕМА потврди дека мешањето на вакцини за двете дози е исто така ефикасно за намалување на ризикот и заштита против сите соеви на Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This