дома Занимливости ЕМОТИВНА ИСПОВЕД НА ЕДНА БАБА: Се уште верува дека дека има добрина...

ЕМОТИВНА ИСПОВЕД НА ЕДНА БАБА: Се уште верува дека дека има добрина во луѓето!

Една баба ја поделила својата исповед со другите на еден блог, сакајќи да покаже дека добрината во луѓето сеуште постои.

„Ви благодарам, навистина ви благодарам, ќе се изначекав да не бевте вие да ме однесете, ќе се изначекав автобус, еден сега само што ми избега го видов додека одев низ гробиштата, но не можам да трчам ме боли ногата а лекарите не знаат што е само ме шетаат од една врата до друга„.

„Кога застанавте, прво се запрашав дали ве познавам, знаете денеска не сака никој да застане да ми помогне, најмалку оние што во познаваат. Верувајте ми дека е така, јас буквално секој ден доаѓам на гробишта од кога почина мојот сопруг, и до денеска никој не застанал да ми понуди превоз. И јас не се лутам, никој нема обврска да застанува и да ме вози, но не можам да го разберам овој народ, па јас сум возела сум развозувала и познати и непознати, дење и ноќе, па кога некои од нив ќе ми лупнат врата како во срце да ме бодат, но јас си молчам, и тие истите не се срамат само ме поздравуваат додека седам на клупата чекајќи автобус. Не се давам јас, си седам достоинствено и јас им мафтам и ги поздравувам, но се прашувам дали размислуваат дека еден ден и они ќе остарат и нема да можат да возат„.

„Ме возат мене моите кога можат, кога не можат си одам сама, а изутрина малку закаснив, знаете јас обично си одам рано ама сабајле морав да го однесам мојот правнук во градинка бидејќи мајка му имаше обврски. А возев, 40 години возев но потоа одлучив да прекинам, почна коленото да ме боли и решив да не ја продолжам возачката дозвола. А и знаете како е, од кога сум во пензија никаде не се брзам. Работев како професорка по биологија, целиот работен живот го поминав во едно школо, прекрасен брак со прекрасен маж, преубаво живеевме и многу поминавме заедно. Жал ми е што останав само на едно дете. Не немојте да мислите дека жалам, имам прекрасна ќерка, два внуци и еден правнук.“

„Не е дека не можев, можев уште да работам, и сакав, а знаете кога ја добив работата во тоа школо, а порано тоа го одобруваше министерството, морав да се грижам за детето и да работам. И така останавме на едно дете, да ми е жива и здрава. Многу ме задолживте, многу сум ви благодарна и не знам дали приметивте кога седнав во вашиот автомобил почнаа солзи да ми течат. Догледање и ви благодарам многу уште еднаш„.

– Госпоѓо немате потреба да ми се заблагодарувате, никако не ве задолжив. Знаете како вика познатиот професор Јеротиќ на овој начин го шириме кругот на добрина, којзнае на кого вие денеска ќе му направите некакво добро дело.