дома Балкан ЕМОТИВНО ПИСМО ДО ДЕДО МРАЗ: Емотивното писмо на момче од Србија, кое...

ЕМОТИВНО ПИСМО ДО ДЕДО МРАЗ: Емотивното писмо на момче од Србија, кое покажува што е вистинска братска љубов

„Дедо Мраз, мене не мора да ми носиш подароци, сакам луѓето да му помогнат на брат ми…“ вака отприлика гласи емотивното писмо на момче од Србија, кое покажува што е вистинска братска љубов.

Деновиве на социјалните мрежи вирално се шири емотивно писмо на момче од Србија, кое има една голема молба до Дедо Мраз, а содржината нема да ве остави рамнодушни.

Всушност момчето не сака ништо за себе, но бара неговиот брат да може да слуша…

„Драг Дедо Мраз,

мене не мора да ми донесеш подароци за Нова година. Јас само би сакал луѓето да му помогнат на брат ми да може да слуша. И јас и Коста бевме добри оваа година!

Михајло“ – вака гласи писмото напишано со детски ракопис, кое го расплака регионот.

Писмото е објавено на Твитер во ноември годинава, а според коментарите, изгледа малиот Михајло успеал да ја крене Србија на нозе, па неговиот брат Коста сега може да слуша. Се надеваме на повеќе добри приказни!