дома Свет ЕПИДЕМИЈАТА РАСТЕ: Корона вирусот регистриран и во Хонконг, власта воведува задолжителни мерки

ЕПИДЕМИЈАТА РАСТЕ: Корона вирусот регистриран и во Хонконг, власта воведува задолжителни мерки

WUHAN, CHINA - JANUARY 17: WUHAN, CHINA - JANUARY 17: (CHINA OUT) Medical staff transfer patients to Jin Yintan hospital on January 17, 2020 in Wuhan, Hubei, China. Local authorities have confirmed that a second person in the city has died of a pneumonia-like virus since the outbreak started in December. (Photo by Getty Images)

Првиот случај на маж заразен со новиот корона вирус е потврден во Хонгконг, јавија локалните медиуми. Претходно денеска, прв случај беше потврден и во кинескиот специјален административен регион Макао. Станува збор за 52-годишна жена турист од Вухан, градот од каде што вирусот почна забрзано да се шири.

Властите во двете специјални административни области во Кина ги заострија мерките за да се спречи ширењето на инфекцијата.

Во Макао, светскиот центар за коцкање, задолжително е да се носат маска за лице. Скенери за мерење на телесната температура се инсталирани на различни локации во поранешната португалска колонија, вклучително и на влезовите во казината.

Голем број земји ги зајакнаа граничните контроли за да се спречи ширењето на вирусот, што се појави кон крајот на минатата година.

Аеродромот Хитроу во Лондон одреди одделни места за патници кои пристигнуваат од области каде што се шири инфекцијата, наведе британскиот министер за транспорт Грант Шапс.

Во Сингапур од денеска се прегледуваат сите патници кои пристигнуваат од Кина.

Руските власти соопштија дека се зајакнати контролите на границите.