дома Балкан ЕРДОГАН НЕ ОСТАВА НЕЗАВРШЕНА РАБОТА: Уaпсени 48 пилоти на хелихоптери поврзани со...

ЕРДОГАН НЕ ОСТАВА НЕЗАВРШЕНА РАБОТА: Уaпсени 48 пилоти на хелихоптери поврзани со државниот удар во 2016!

Обвинителството на Анкара соопшти дека биле уапсени 48 пилоти на хелихоптери за кои постои сомневање дека се поврзани со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Тие се дел од командата на копнената армија, тројца со чин на полковник и четворица со ранг потполковник.

Официјалната Анкара го обвини Ѓулен за организирање на неуспешен државен удар во 2016 година.

Уапсените пилоти се наоѓаат во притвор во седиштето на полицијата за борба против тероризмот.

Обвинителот издаде налог за апсење на 15 цивили осомничени дека се поврзани со пилотите со движењето Ѓулен.

Турските власти го обвинија Ѓулен за организирање на обид за државен удар во јули 2016 година, барајќи да го соборат претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Ѓулен, кој живее во егзил во САД од 1999 година, ги отфрла овие обвинувања.