Ердоган: He ja иcклyчyвaмe мoжнocтa нeкoj нaмepнo дa ги зaпaлил шyмитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека властите не ја исклучуваат можноста некој намерно да ги запалил шумите.

Во пожарот веќе загинаа четири лица, а повеќе од 150 се повредени, што доведе и до неколку евакуации во одморалиштата.

Турскиот претседател објави дека уапсено лице е осомничено за палење шуми во југозападниот дел на земјата. Тој не го откри името или мотивите на осомничениот, но рече дека се сомнева дека лицето е поврзано со пожарот кај градот Милас во провинцијата Мугла.

Ердоган рече дека не ја исклучува можноста шумските пожари, кои претходно ги нарече „национална катастрофа“, да се предизвикани од луѓе заинтересирани да и наштетат на Турција.

„Темелно ги истражуваме причините за пожарот. Ако има такви предавници кои можат да ја запалат својата татковина, ќе се соочат со строга казна“, рече Ердоган.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This