дома Македонија ЕРМИРА МЕХМЕТИ И НЕЈЗИНИТЕ ПОЛНОЌНИ ПРИКАЗНИ: Екс-пратеничката на ДУИ со навреди до...

ЕРМИРА МЕХМЕТИ И НЕЈЗИНИТЕ ПОЛНОЌНИ ПРИКАЗНИ: Екс-пратеничката на ДУИ со навреди до граѓаните, МПЦ и државата во која живее!

Ермира Мехмети, во јавноста попозната по снимките кои беа поставени на интернет од телефонски разговор помеѓу неа и нејзин сопартиец, решила да дели лекции за морал и етика, за почитување на правата на етникумите и помалите од себе

Очигледно Мехмети заборавила дека токму таа, како поддржувач на сепаратистичките идеи на УЧК, и како дел од политичкото крило на терористичката организација која како експозитура на УЧК делуваше во Македонија, откако се симна од планините стана пратеник во Собранието кое таа и нејзините колеги го напаѓаа.

Мехмети исто така сака да ја спореди ситуацијата и да ја релативизира опасноста по државата албанската платформа, преку споредување на ситуацијата со Македонците Егејци од кои државата се откажа од правото и обврската да се грижи и да ги застапува нинвите интереси. Но, заборава да додаде дека токму тој потег го направи Киро Глигоров и Бранко Црвенковски, во моментите кога се договараше „добрососедство“ со Грција, и во моментите кога беше договорена промена знамето на државата, а беше измислена и „привремената“ референца.

Сакајќи да прибере некој политички поен, преку продавање на морал, аморалната Мехмети се осврна и на проблемот, односно спорот кој го има СПЦ со МПЦ, велејќи дека Македонците биле фрустрирани од потезите на СПЦ, а сепак не сакале да ги признаат правата на другата етничка заедница, што исто така ги фрустрирало неа и нејзините сограѓани Албанци.  Сепак, во себичниот излив на нарачан ФБ коментар, Мехмети не најде за сходно да каже дека во Македонија токму Албанците уживаат најголеми малцински права било каде во светот, вклучително и правото на слободно верско убедување, што впрочем може да се забележи и по бројот на џамии изградени во последните неколку години. 

Мехмети, чиј коментар очигледно некој го нарачал, исто така заборавила да го вметне и делот каде што Отецот Пимен редовно се користи како маскота на т.н. шарена револуција (каде што братот на Ермира беше еден од предводниците), а во последниот наврат го видовме како дел од хумористично шоу каде што отецот се обиде да глуми стенд-ап комичар и кловн, повеќе отколку духовен водач.

Ермира, исто так сака да спомене дека протестите кои се случуваат веќе 11 дена биле шовинистички и дека биле против сопствениот народ, претставувајќи ги поповите и свештениците како предводници на таквите протести. Очигледно, Мехмети заборава дека токму таа даде поддршка на еден таков сепаратистички, етно-центристички, национал-шовинистички протест со примеси на радикален ислам, во моментите кога Албанците по петочната молитва во џамијата Јаја Паша, заедно со оџите се упатија на насилни протести пред Владата на Р.Македонија, а на враќање назад, попатно повредија неколку полицајци и го демолираа Кривичниот Суд, барајќи да бидат ослободени убијците на децата кај Смилковско езеро. Но, за аморалната Мехмети, која пред јавноста продава чесност и доблесност, а во приватниот живот како што можевме да слушнеме е дијаметрално спротивна на тоа, протестите против „Монструм“ не се случиле. Не биле националистички.

Бенигни се обидите на експоненти на опозицијата да го омаловажат се поголемиот број на граѓани кои масовно, и без резерва даваат поддршка на иницијативата „За Заедничка Македонија“. Овие извици на романтичарско-неолиберални ставови, непоткрепени со ниту еден факт се само уште еден доказ дека опозицијата и нивните странски покровители веќе имаат реален проблем во спроведувањето на агендата за рушење на државата.