дома Македонија ЕУРОЊУЗ: ПЈР Македонија со најзагаден воздух во Европа!

ЕУРОЊУЗ: ПЈР Македонија со најзагаден воздух во Европа!

ПЈР Македонија е рангирана како најзагадената земја во Европа со загадување  десет пати повисоки од препорачаните нивоа, пренесува Еуроњуз. Ваквите загрижувачки податоци ги потврдува и Европската агенција за животна средина. Големиот сообраќај и употребата на печки на дрво за греење според агенцијата енормно го зголемуваат аерозагадувањето и испраќаат голем број на луѓе кај лекарите.

Светските и европските медиуми се почесто пишуваат за страдањата на македонскиот народ како резултат на огромното загадување на воздухот. Светската здравствена организација предупреди дека во Македонија годишно 3 илјади граѓани ги губат своите животи како директен резултат на аерозагадувањето. Експертите тврдат дека со итни мерки против загадувањето на воздухот половина од овие животи можат да бидат спасени.