дома КОВИД-19 (Коронавирус) ЕУРОЊУС: Британија ја плаќа цената што не тестираше, не ги почитува препораките...

ЕУРОЊУС: Британија ја плаќа цената што не тестираше, не ги почитува препораките на СЗО

Велика Британија сега ја плаќа цената зошто не спроведе повеќе тестови за коронавирус, изјави експерт за „Еуроњус“.

Тековниот капацитет на земјата е 12.700 тестови на ден, во споредба со Германија на 500.000 неделно.

Во четвртокот, министерот за здравство Мет Ханкок објави план да се спроведат тестовите, според планот, 100.000 на ден до крајот на месецот.

Но, д-р Барат Панханија, постар клинички предавач на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Ексетер“ и експерт за заразни болести, за „Еуроњуз“ рече дека земјата требало да биде на ова ниво пред осум недели.

„Не можам да најдам друго објаснување, освен што беше донесена неправилна одлука, некаде, дека ќе се оддалечиме од вирусот амо не спроведуваме масовни тестирања и за жал, сега ја плаќаме цената за тоа“, рече д-р Панханија.