дома Европа ЕУ ги продолжи caнkциите кон Русија

ЕУ ги продолжи caнkциите кон Русија

Европската Унија ги продолжи за шест месеци економските санкции воведени на Русија од 2014 година поради припојувањето на Крим и дестабилизација на Украина и ја разгледува можноста за воведување нови мерки против официјана Москва.

Договорот допрва треба да биде одобрен од министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот на 12 јули, велат дипломатски извори за француски медиуми. Потребна е едногласна одлука за санкциите да станат официјални.

ЕУ воведе три групи санкции по припојувањето на Крим кон Русија: забрана за сите инвестиции на Крим и Севастопол, црна листа на лица и компании обвинети за учество во дестабилизација на Украина и економски санкции за руски банки, одбранбени и нафтени компании. ЕУ исто така забранува финансиски инвестиции во Русија.

Целта на мерките е да се принуди Русија да се откаже од своите активности за дестабилизација на Украина.

Сепак, таа логика како одговор на руската агресија и провокации се покажа како „неефикасна“ – изјави францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела за време на дебатата за Русија на самитот на ЕУ во Брисел.