ЕУ економски се вооружува – Од утре со нови геополитички способности

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Брисел во среда ќе се обиде да ја зголеми геополитичката тежина на ЕУ со предлагање на ново политичко оружје што ќе и овозможи полесно да воведува санкции врз економските ривали како Кина – па дури и САД.

Иако формата на економско „оружје“ што ЕУ ја има на ум е секако не е нова.

Предлогот на Европската комисија за вооружување „против присила“ доаѓа откако ЕУ со години се жалеше дека е ранлива на економски уцени од земјите кои ги искористуваат поделбите меѓу европските нации бидејќи одмазднички санкции можат да се воведат само едногласно. За да се спротивстави на таа слабост, оваа нова алатка ќе и овозможи на Комисијата да воведе комерцијални санкции против земја надвор од блокот, која 27-те земји на ЕУ можеа да ја блокираат само со мнозинство гласови.

Во последниве години, ЕУ често се наоѓаше на милост и немилост на тактиките на присила од нејзините економски ривали, кои се експерти во игрите на раздели па владеј.

Кина веќе упати закани против француското вино и германските автомобили, па дури и вети дека нема да купува авиони на Ербас во обидите да затвори низа политички иницијативи од ЕУ. Слично на тоа, ЕУ често се жали за амриканските царини врз европскиот челик и алуминиум со тврдење дека металите во Европа претставуваат закана за американската национална безбедност.

Неодамна претставниците на ЕУ беа гласни што на Европа им беа попречени обидите за обнова на релациите со Иран со повторното воведување на американските санкции под администрацијата на Доналд Трамп, што пак може да ги казни компаниите од ЕУ кои соработуваат со Техеран. Во тоа време, неколку европски дипломати тврдеа дека дел од функцијата на инструментот против принуда треба да биде со цел се запре американската диктирање на надворешна политика на ЕУ, иако не е јасно дали предлогот од средата ќе обезбеди значаен начин околу овие видови санкции од Вашингтон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This