дома Европа ЕУ нa 23-ти дeкeмвpи ќe ja oдoбpи вakцинaтa нa „Фајзер“

ЕУ нa 23-ти дeкeмвpи ќe ja oдoбpи вakцинaтa нa „Фајзер“

Германскиот весник „ Билд“ денеска информира дека Европската агенција за лекови (ЕМА) планира на 23 декември да ја одобри вакцината на компанијата „Фајзер“ против Ковид-19.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, денеска, исто така, беше прашан за точноста на овие информации. Меѓутоа, тој не сакаше да ја потврди оваа голема вест за целата Европска унија, но, сепак, кажа дека „ тоа е одлична вест“.

Британските медиуми наведуваат дека Брисел го зголемил притисокот врз ЕМА за вакцината што поскоро да го види светлото на денот на територијата на ЕУ.

Агенцијата (ЕМА) одлучи, сепак, да го забрза целиот процес, бидејќи нивниот прв состанок за ова прашање беше планиран дури на 29 декември.

Можеби причината е бурната дебата во Брисел на темата „како е можно вакцината создадена во Германија прво да биде одобрена во Велика Британија и САД, а потоа дури во ЕУ“.

„Билд“, меѓутоа, пишува дека германската Влада сите административни пречки ќе ги реши за време на празниците и дека вакцинацијата ќе почне по Божиќ.