дома Европа ЕУ со половина милион мртви од Ковид-19

ЕУ со половина милион мртви од Ковид-19

Во периодот од март и ноември 2020 година во Европската унија имало повеќе 450.000 смртни случаи, во споредба со истиот период помеѓу 2016 и 2019 година, објави Европската агенција за статистика.

Според Евростат, зголемувањето на смртноста го достигна својот прв врв во 2020 година во април 2020 година.

Нешто пониско зголемување на смртноста во ЕУ е забележано помеѓу мај и јули, а ново значително зголемување се случи на крајот на август и почетокот на септември, што се совпаѓа со новиот бран на пандемијата.

Најголем пораст на смртноста е забележан во ноември, што е за 40% повеќе отколку во истиот период од претходните години.

Европската агенција за контрола и превенција на болести вели дека 495.716 лица починале како резултат на инфекцијата од почетокот на пандемијата „ковид-19“ на територијата на Унијата.