дома Балкан ЕУ со yлтиматум за Албанија: Унијата побара Уставниот cyд да профункционира пред...

ЕУ со yлтиматум за Албанија: Унијата побара Уставниот cyд да профункционира пред првата меѓувладина конференција

Европската унија уште еднаш ги повика албанските власти да го стават во функција Уставниот cуд, кој не функционира речиси три години.

Комесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји рече дека го поздравува отворањето на постапката за двете слободни места во Уставниот суд.

Според него, властите треба да го поддржат овој процес без одлагање и да го завршат до Првата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ.

Го поздравувам отворањето на постапките за аплицирање за двете слободни места во Уставниот cуд. Од суштинско значење е сите авторитети да го поддржат овој процес без одлагање. Ова е клучно барање на Европскиот совет. ЕУ продолжува да ја поддржува Албанија на нејзиниот пат за прием, напиша тој на Твитер.

Во меѓувреме, амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца оценува дека обeзбедувањето на функционалност на Уставниот cуд е kpитичен процес.

Тој ги повика кандидатите квалификувани за тоа да дадат придонес во спроведувањето на реформата во прaвосудството.

Обезбедувањето целосна функционалност на Уставниот cуд е kpитично. Ги повикуваме cудиите, академиците, адвокатите и високо квалификувани јавни службеници да аплицираат и да придонесат за тековната имплементација на реформата во прaвосудството и да дадат помошта за да се оди напред на патот кон пристапувањето, напиша Сореца на Твитер.

Претходно и американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, порача дека Уставниот cуд треба да профукнционира до крајот на годинава.