дома Европа ЕУ ќе испрати помош и опрема за справување со пожарите во Македонија

ЕУ ќе испрати помош и опрема за справување со пожарите во Македонија

Eврокомесарот за хуманитарна помош и кризен менаџмент, Јанез Ленарчиќ, најави дека ЕУ ќе испрати опрема и помош за справување со пожарите во Македонија.

-ЕУ испраќа дополнителни противпожарни капацитети во Грција и Македонија за поддршка на одговорот на локалните власти. Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од програмата Коперникус на ЕУ – објави Ленарчиќ на Твитер.

Помош за гасење на пожарите во земјава веќе испратија Бугарија и Словенија, како и Србија со четири хеликоптери кои веќе се ангажирани во гасењето на огнената стихија.

Објавата погледнете ја ТУКА.