дома Свет ЕУ ja caнкциoниpaшe Кина пpвпaт пo 30 гoдини

ЕУ ja caнкциoниpaшe Кина пpвпaт пo 30 гoдини

Европската унија одлучи денеска да стави на црната листа кинески официјални лица поради кршење на човековите права, потврдија двајца дипломати, што претставува прво санкционирање против Пекинг по оруженото ембарго на ЕУ во 1989 година поради репресиите на плоштадот Тјенанмен.

Амбасадорите на ЕУ одобрија забрани за патување и замрзнување на банкарските сметки за четворица кинески државјани и еден ентитет, чии имиња нема да бидат јавно објавени до официјалното одобрување од министрите за надворешни работи на ЕУ на 22 март, како дел од новата и поширока листа на санкции.

– Преземени се мерки за ограничување поради сериозни прекршувања и непочитувања на човековите права, изјави дипломат на ЕУ.

Кинеските претставници се обвинети за кршење на човековите права против кинеското муслиманско малцинство Ујгури, истакнаа дипломати на ЕУ, а овој потег ја одразува длабоката загриженост за Ујгурите во Европа, САД и Канада.

ЕУ последен пат воведе санкции против Кина, која е нејзин втор по големина трговски партнер, во јуни 1989 година, воведувајќи оружено ембарго за Пекинг, кое сè уште е во сила.