дома Македонија ЕФТОВ: Останете со ладни глави, луѓе од Обвинителствот се во Собранието и...

ЕФТОВ: Останете со ладни глави, луѓе од Обвинителствот се во Собранието и ги штитат пратениците!

Новинарот и уредник на телевизија Алфа, Васко Евтов повика на смиреност и ладни глава со цел спречување на нов 27 април. Според него токму тоа и треба на власта на СДСМ, коментирајќи дека ова што се случува во моментов е незапамтено во македонската историја. Глас на пратеник чини од 250 илјади до 2 милиони евра посочи тој, додека лидери на помали партии во Македонија се возени низ Скопје во државни автомобили и им е нуде поткуп.

 

-Ќе ве молам мора да останете со ладни глави. Не смее ни под разно да се случи нов 27 април. Тие тоа го сакаат. Само со ладни глави и без никакви инциденти. Ова што денес се случува е незапамтено во македонската историја. Цената за еден глас се движи од 250 иљади евра ( пратеник од Централна Македонија ), еден милион евра ( пратеник од Северозападна Македонија ) до два милиони евра за два пратеници ( еден од Скопје и еден од Источна Македонија ). Лидери на две помали партии се возени низ Скопје во дрзавни автомобили и им се нудени кули и градови. Ветени се две ослободителни пресуди. Еден заврси на Кардиологија. Ова е многу валкана игра. Ке ве молам со ладни глави. Според моите информации во Собранието се повикани лугје од Обвинителството за да бидат заститени пратениците, пишува Евтов на Фејсбук.