дома Спорт ЕХФ го „избриша“ Вардар од најдобрите десет клубови во Европа!

ЕХФ го „избриша“ Вардар од најдобрите десет клубови во Европа!

Македонскиот ракометен првак Вардар по крајот на минатата сезона претрпе големи промени. Поради тоа, „црвено-црните“ на најновата листа на ЕХФ не се ни меѓу десетте најдобри клуба оваа сезона во Лигата на шампионите, според актуеланта форма.

Ако низ минатите месеци македонскиот ракометен бренд кој ја покори Европа пред две години беше меѓу најдобрите, сега го нема ни меѓу најдобрите десет. Новинарите на ЕХФ како да го заборавија Вардар судејќи по актуелната форма и настапите на турнирите во Германија и Франција, па го „избришаа“ од нивните ТОП-листи.

За најдобар клуб е прогласен европскиот шампион Монпелје, додека по францускиот колектив следи германски Рајн Некар Левен. Третото место му припаѓа на ПСЖ, а потоа следат Флензбург, Барселона, Мешков Брест, Нант, Пик Сегед, Веспрем и Киелце.

Вардар лани учествуваше на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите и заврши како четврти, додека оваа сезона ќе игра во тешка група, заедно со Киелце, Барселона, Мешков Брест, Веспрем, Монпелје, Кристијанштад и Рајн Некар Левен.