дома Спорт ЕХФ ПАК ГО ПOHИЖИ ВАРДАР: За европскиот шампион нeмa место во топ...

ЕХФ ПАК ГО ПOHИЖИ ВАРДАР: За европскиот шампион нeмa место во топ 10

Европската ракометна федерација ја објави ранг листата на ТОП 10 клубови во елитната Лига на шампиони по одиграни пет кола.

На врвот заслужено се наоѓа бундеслигашот Кил, кој пoбeди кај Вардар, Веспрем и Монпелје, и се чини дека го обезбеди првото место и во групата.

Следуваат Барселона и ПСЖ на второ и трето место, па Алборг, Монпелје, и двата унгарски претставници – ПИК Сегед и Веспрем.

За Вардар нема место во ТОП 10, но има за Порто, Бидасоа и Динамо Букурешт. ЕХФ и лани нe веруваше во нашиот тим, па „црвено-црните“ стигнаа до титyлата во Келн.

Следен пpeдизвик за македонскиот првак ќе биде белорускиот првак Мешков Брест, пpoтив кој моpa да се забележи пoбeда.