дома Македонија „ЖАЛНА ВЕСТ“ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ СОБИРА ПОТПИСИ ЗА ПРЕРЕГИСТРАЦИЈА НА ДОСТОИНСТВО: Достоинство со...

„ЖАЛНА ВЕСТ“ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ СОБИРА ПОТПИСИ ЗА ПРЕРЕГИСТРАЦИЈА НА ДОСТОИНСТВО: Достоинство со „некролози“ ги повикува граѓаните да ја дадат поддришката за партијата

Стојанче Ангелов во стилот на „жална вест“ ги повикува симпатизерите и членовите на партијата Достоинство да го дадат својот потпис за пререгистрацијата.

Законска обврска на секој политички субјект е на секои четири години да собере и нотарски да завери 1000 потписи, но начинот на кој тоа го прави Стојанче Ангелов наиде на реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Летоци залепени на бандери и дрва на кои се повикуваат граѓаните да го дадат својот потпис за поддршка на партијата Достоинство биле поставени во неколку градови низ земјава.