дома Македонија Жбогар: Што побрзо да се формира влада – не е важно кој...

Жбогар: Што побрзо да се формира влада – не е важно кој ќе биде во неа

За Македонија неопходно е што побрзо да се формира Влада, без оглед на тоа кој се ќе биде во истата, а се со цел земјата да продолжи на патот кон интеграција во европската унија, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Тој вели дека политичките партии сами треба да одлучат каква Влада ќе формираат, важно е истата да биде силна, но и поддржана од опозицијата, без разлика која политичка партија ќе биде опозициона. Ние не можеме и не сакаме да се мешаме во тоа кој ќе формира Влада, изјави евроамбасадорот одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Прилеп