дома Политика ЖЕДНИ ЗА ОДМАЗДА И РЕВАНШИЗАМ: Медиумите на СДС бараат апсење на луѓе...

ЖЕДНИ ЗА ОДМАЗДА И РЕВАНШИЗАМ: Медиумите на СДС бараат апсење на луѓе иако знаат дека тоа не е возможно!

Медиумите блиски до СДСМ прашуваат зошто тројцата осомничени се уште не се уапсени иако знаат дека тоа не е можно, пишува порталот Телеграф.
 Политичката хајка по нарачка на СДСМ се потврдува и врз притисокот до МВР да ги уапси на тројцата осомничени за кои Апелацискиот суд вчера донесе одлука за притвор.

Медиумите блиски до СДСМ прашуваат зошто Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски се уште не се уапсени иако знаат дека тоа не е можно. Јасно е дека налози за апсење не може да има ако решението не е правосилно, а не е бидејќи осомничените имаат право на жалба, пишува Телеграф.

Грујевски, Јакимовски и Бошковски се опфатени во предметите „Таргет“ и „Тврдина“ на СЈО. Откако кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 ги одби барањата за притвор, второстепениот суд ги уважи жалбите на обвинителството.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека судот донел срамна одлука и дека паднал под притисокот на СДСМ,СЈО и нивните медиуми.

-Одлука на судот го погреба концептот на правна држава. Одлуката за притвор која ја донесоа нема никаква правна основа, туку е партиско политичка нарачка која треба да го означи политичкиот прогон во Република Македонија-велат од опозициската партија.