Морана Розман од Карловац се досетила дека пари може да заработи и продавајќи магла, па една стаклена тегла со „Магла од Карловац“ осд 450 грама чини 2,5 евра.
„Најмногу купуваат луѓето од Карловац, кои тоа им го подаруваат на пријателите од Ирска и Германија, Тоа е сувенир“, рекла Розман.
Таа вели дека постапката за произведување е тајна.
Идејата ја добила во разговор со главниот дизајнер на здружението „Павиљон Катзлер 1897“, Невена Цетињанин.
Здружението ги полни и продава стаклените тегли.