дома Свет ЖЕНА ДВА ПАТИ ВОСКРЕСНАЛА: Рафаела два пати се вратила од мртвите, првиот...

ЖЕНА ДВА ПАТИ ВОСКРЕСНАЛА: Рафаела два пати се вратила од мртвите, првиот пат кога имала 11 години!

Orthodox Christian worshippers take part in the Holy Fire ceremony at the Church of the Holy Sepulchre in Jerusalem's Old City during the Easter holiday. April 14, 2012. Photo by Uri Lenz/FLASH90 *** Local Caption *** ôñçà ùáú äàåø éøåùìéí ðöøåú ëðñééú ä÷áø ðø ðøåú àåø

Во малото венецуелско село Бетихоке живее Рафаела Барони, вистинска жива легенда.

Таа е пророчица, акушерка, вајарка, уметник, музичар. Оваа медицинска сестра успеа да го оствари невозможното, да воскресне два пати.

Барони прв пат „починала“ кога имала 11 години. Нејзината мајка ја нашла како лежи и не дава знаци на живот. Во блиската болница лекар дијагностицирал смрт. Семејството почнало да се подготвува за погреб. Рафаела тврди дека таа цело време имала свест и дека можела да слушне се што се случува околу неа.

-Се израдував кога пристигнаа роднините, моите баби и дедовци, но бев многу тажна затоа што сфатив дека тие се подготвуваат жива да ме закопаат. Колку и да викав, никој не ме слушаше, се присетува Рафаела.

Се помрднала само неколку моменти пред да ја погребаат.

Кога имала 33 години, Рафаела „починала“ по втор пат. Тоа било во 1968 година.

-Ме однесоа во болница, таму поминав 19 дена во кома, а потоа рекоа дека сум мртва. Отидовме на гробишта, но некој се сети дека сите документи останаа во Бокона. Без сите тие документи и потврди не можеле да ме закопаат. Ме однесоа во мртовечница, а тие виделе дека телото наеднаш се мрда. Некој викнал: „Не, сињора не почината“.

Откако се „вратила од мртвите“, на Рафаела и била дијагностицирана каталепсија, болест која во медицинските книги е опишана како состојба во која човек паѓа и делува мртов. Човекот не може да зборува. Разболените и понатаму имаат ориентација во времето и просторот и свесни се за се што се случува околу нив.

Рафаела во Венецуела не е позната само поради овие две чудесни приказни и „враќањето од мртвите“, туку и по своите бројни уметнички дела инспирирани најпрво од религиозна тематика, како и по тоа што лечи луѓе и може да ја предвиди нивната судбина. Барони неколку пати се имала сретнато со Хуго Чавез, пред да тој да стане претседател, но средби имало и откако станал.

-Го запознав во Баринас уште кога беше дете. Тогаш продаваше кокада, напивка од кокос популарен во Венецуела. Беше секогаш скромен и обичен човек, вели Рафаела Барони.