дома Хроника ЖЕНА МУ УДРИЛА ШЛАКАНИЦА НА ПОЛИЦАЕЦ: Жена удрила полицаец откако го казниле...

ЖЕНА МУ УДРИЛА ШЛАКАНИЦА НА ПОЛИЦАЕЦ: Жена удрила полицаец откако го казниле возачот – приведена во станица

Вчера околу 11.30 часот во Скопје на улицата „Македонско Косовска Бригада“ полициски службеници од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата додека извршувале редовни работни задачи дале знак за застанување на патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици, но тоа продолжило со движење.

Полициските службеници со службеното возило се упатиле по него и успеале да го застанат по што констатирале дека возилото го управувало Ш.С. (48) од с.Сарај-скопско. Откако му напишале казна за сторени прекршоци, од возилото излегла К.С. (43) и удрила еден полициски службеник.

К.С. е приведена во полициска станица и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.