дома Хроника Жена пронајдена во бесознание во стан, по кратко време починала

Жена пронајдена во бесознание во стан, по кратко време починала

Четириесет и едно годишна охриѓанка која како постанар живеела во стан во Скопје, откако два дена не доаѓала на работа, била пронајдена во бесознание во станот.

Жената со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде кратко подоцна починала. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.