дома Локално Жена се обиде да се самозапали во полициска станица во Драчево пред...

Жена се обиде да се самозапали во полициска станица во Драчево пред нејзиниот син

На 04.04.2018 година во 22.50 часот во Полициска станица Драчево дошла 40-годишна жена од Скопје и рекла дека е во депресија и сака да си го одземе животот.

Во станица бил повикан и нејзиниот син, а жената додека разговарала со сменоводителот, во присуство на нејзиниот син, извадила пластично шише со течност, се полила и со запалка се обидела да се самозапали, но била спречена во намерата.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во душевната болница Бардовци.