дома Македонија ЖЕРНОВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОБСЕ/ОДИХР: Предателски избори беа одлично атсдминистративно...

ЖЕРНОВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОБСЕ/ОДИХР: Предателски избори беа одлично атсдминистративно организирани и спроведени во демократска и фер атмосфера

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска се сретна со делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од шефот на Мисијата за набљудување на изборите во земјава, Корин Јонкер.

Шефот на Мисијата за набљудување на изборите во земјава, Корин Јонкер, истакна дека последните претседателски избори беа одлично административно организирани и спроведени во демократска и фер атмосфера. Во таа смисла, Јонкер се осврна на променетата клима која доаѓа од цврстата заложба на Владата, како и од сите институции вклучени во изборниот процес, за креирање на атмосфера за фер и транспарентни избори.

На средбата, ЗМНР Жерновски истакна дека нивните препораки претставуваат вистински ориентир за дополнително унапредување на изборната рамка. Во тој контекст, беше нагласено дека Владата е цврсто решена да продолжи активно да соработува со ОДИХР и да ги имплементира препораките во однос на изборните процеси.

На крај, заеднички беше констатирано дека реформските процеси го трансформираат и консолидираат македонското општество врз основа на владеењето на правото, човековите права и демократските принципи.

Ваквиот Извештај во голема мера придонесува за позитивниот имиџ на нашата земја во пресрет на Европскиот совет во октомври, кога очекуваме валоризација на постигнатото.