дома Политика Жестока дебата: „Последни сме на Балканот“

Жестока дебата: „Последни сме на Балканот“

При жиестока дискусија помеѓу пратеникот Љупчо Пренџов и министерот за економија Бектеши, стана збор за евентуални блокади во собранието од страна на опозицијата, на што пратеникот истакна дека: „Законот за царина кога ќе дојде во собранието, доколку е добар, јас ќе го подржам. За разлика од вас од власта јас немам проблем за нешто што е добро и нешто што е добро за граѓаните да го поддржам. Без разлика од политичката провиненција од каде доаѓа предлогот.“

Тој додаде дека Македонија има лоша клима за инвестиции и најмалку инвестиции во регионот. На прашање на новинарката, за потребните интервенции во законот кој ги споменува опозицијата, Пренџов истакна: „Во оваа држава, мора да разбереме, има граѓани кои што мора да бидат задоволни, има претпријатија кои што вработуваат луѓе и плаќаат даноци од кои што ние зимаме плата, кои мора да бидат задоволни, не може ние вака.“