April 25, 2024, 12:59 am

Живееме во време на промени: Македонија ја доби првата жена претседателка на ЗЕЛС, од денес Арсовска има нова функција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градочалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска едногласно беше избрана за претседател на ЗЕЛС. Арсовска вети дека ќе се посвети на интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиската стабилност и независност на сите општини со цел обезбедување финансиска независност и стабилност на локалната власт и секако преземање на нови поголеми надлежности на единиците на локалната самоуправа

„Денес едногласно бев избрана за нов претседател на ЗЕЛС што ги обединува сите 81 општина во Македонија. Потенцирав дека главна цел во четиригодишниот мандат во ЗЕЛС ќе биде интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиската стабилност и независност на сите општини.
Она што е значајно, за што имаме консензус во новиот мандат на управниот одбор на ЗЕЛС е дека ќе се посветиме во следниот четиригодишен мандат на интензивирање на процесот на децентрализација, процес што е долго во застој. Тој процес би требало во наредниот четиригодишен период да обезбеди поголема финансиска независност и стабилност на локалната власт и секако преземање на нови поголеми надлежности на единиците на локалната самоуправа. Верувам дека ќе имаме можност да покажеме како ЗЕЛС обединувајќи ги сите општини, дека ќе можеме како и на денешниот ден едногласно да ги носиме одлуките, да ги застапуваме интересите на граѓаните кои ни ја дале својата доверба и дека ќе овозможиме во следниот четиригодишен мандат да ги реализираме сите проекти кои ги имаме заеднички зацртано“, информираше Арсовска на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This