дома Локално ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА САМО ЗА НАЈБЛИСКИТЕ: Пратеникот на СДСМ од Кочани си...

ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА САМО ЗА НАЈБЛИСКИТЕ: Пратеникот на СДСМ од Кочани си ја вработил сопругата!

Уште еден скандал со непотизам во власта. Имено пратеникот од редовите на СДСМ, Сашко Костов од Кочани си ја вработил сопругата  како раководител во детската градинка ,,Павлина Велјановa” во Кочани.

По низата на скандалозни вработувања на деца пратеници од власта, на социјалните мрежи се појавија фотографии со пратениците на СДСМ и комичен приказ на кампањата на СДСМ ,,За живот”. Граѓаните коментираат дека во Кочани како и во другите градови дојде ,,Живот само за најблиските”.