Министерот за полиција Александар Вулин истакна дека оперативните сознанија покажале дека опасен клан сака да го убие претседателот Вучиќ.
Документирани се околу 1800 раговори кои покажале дека тој е метата.
За кого станува збор не сакаше да каже но вели дека не е само кланот на Веља Невоља туку и дека има други криминалци кои го сакаат Вучиќ мртов.
Додека Радоје Звицер е на слобода безбедноста на претседателот е загорзена. Тој влезе во борба со криминалот и затоа е мета. Неговата ликвидавија би ја втурнала земјата во хаос а тоа е состојба кога криминалците завладуваат.
Извор: republika.mk