дома Социјални Мрежи Жителите на Ѓорче Петров најавија блокада доколку не се ревидира новиот ДУП

Жителите на Ѓорче Петров најавија блокада доколку не се ревидира новиот ДУП

Жителите на општина Ѓорче Петров peволтирани поради одбивањето на општината да ја стави иницијативата за ревидирање на ДУП С334 Дексион-Јурија на дневен ред. Новиот ДУП, кој содржи над нови 700 станови на 90000м2 кои би вдомиле над 3000 нови жители, а не содржи ниту една градинка, училиште, сообраќајни режими, водоводи и канализација, би ја променил целокупната демографска слика на општината.

Граѓаните се подготвени, доколку не се прифатат нивните барања да ја блокираат општината.

ЗОШТО ОПШТИНАТА ОДБИВА ДА ЈА СТАВИ ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕВИДИРАЊЕ НА ДУП СЗ34 ДЕКСИОН – ЈУРИЈА НА ДНЕВЕН РЕД ⁉️
Мораме да реагираме на овој дрзок чин на општината ❗
Едноставно не смее да дозволиме да помине овој ДУП на овој начин и да ја промени целокупната демографска слика на општината ❗
Над 700 стана ❗
Над 90000 м² бруто развиена градежна површина ❗
Над 3000 жители ❗
А нема градинки, училишта, сообраќајни режими, водоводи и канализација ❗
Не смееме да дозволиме профитот од урбаната мафија да ја води и креира нашата општина ❗
Ако не се прифатат нашите барања за ревидирање на ДУП СЗ24 ќе ја БЛОКИРАМЕ општината ❗