Житeлитe на Врaништa без канaлизaција: Си ги бaрaат свoите прaвa прeку прoтeсти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со парола “Протест против никого, заедно за интересите на Село Враништа”, денес од 16-17 часот, регионалниот пат Струга – Дебар беше блокиран од страна на населението на село Враништа , кои го изразија своето незадоволство преку мирен протест.

До идејата за протест дошле после многубројните неотстварени ветувања и невозвратени одговори на уредно поднесените барања за решавање на многубројните недостатоци со кои населението се соочува секојдневно.

Како што може да се види и од самите пароли селото сеуште нема канализација, а и проблемите со недостатокот на вода во текот на летните периоди дополнително го отежнува нивниот живот.

Жителите исто така посочија дека потребна им е велосипедска и пешачка патека која ке ги поврзува со градот Струга, оддалечен само 4км од нив, се со цел побезбедно движење на населението.

Тие најавија дека ќе продолжат со протестите се додека нивните барања не бидат слушнати. Протест ќе има и утре недела (15.08.2021) во исто време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This