дома Балкан Житeлитe нa Пeтpињa нe видoa миp: Пo вчеpaшниoт зeмjoтpec, мoжнa e eвaкyaциja...

Житeлитe нa Пeтpињa нe видoa миp: Пo вчеpaшниoт зeмjoтpec, мoжнa e eвaкyaциja нa нaceлeниeтo

По вчерашниот земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала во Хрватска, полицијата никој не пушта во Петриња поради опасност од уривање на зградите што беа оштетени во потресот во декември.

– Опасноста за секој човек е голема и мораме да ги дислоцираме од строгиот центар на градот, истакна градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, додавајќи дека не исклучува евакуација на населението.

Во разорниот земјотрес од 6,2 степени на 29 декември 2020 година животот го загубија седум лица.