Житeлкa нa Скопје o6винeтa зa пoceдyвaњe opyжje

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 51-годишна жена која се товари дека го сторила кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 д Кривичниот законик.

Обвинетата на 9 декември, на булеварот „Александар Македонски“ неовластено држела пиштол марка „Застава“ со калибар 9мм PARA M88, една рамка со пет куршуми за тој пиштол, и една празна рамка. Со оружјето била затекната од полициски службеници на бензинска пумпа.

Јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата за која постојат околности кои укажуваат на опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This