дома Хроника Житeл на Могила со пpocтpeлнa paнa однeceн во бoлницa

Житeл на Могила со пpocтpeлнa paнa однeceн во бoлницa

На 07.08.2020 во 21:30 часот С.Н.(61) од с.Могила му се јавил на З.К.(47) од истото село кој во тој момент бил заедно со Д.А.(37) во возило на пат кон Прилеп, и побарал од него бидејќи се повредил да дојде во неговиот дом и да го однесе на лекар во Битола.

Во Клиничката болница Битола на лицето С.Н. од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди – прострелна рана. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.