дома Европа „ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“ ПРОТЕСТИРААТ И ПРЕД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Стотина демонстранти протестираа пред Европскиот...

„ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“ ПРОТЕСТИРААТ И ПРЕД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Стотина демонстранти протестираа пред Европскиот парламент во Стразбур!

Неколку стотина луѓе се собраа кај зградата на Европскиот парламент во француски Стразбур, во рамки на протестите на „Жолтите елеци“, соопштува весникот „Фигаро“

По собирањето пред Еропскиот парламент, групата демонстранти тргна кон центарот на градот, наведува весникот.

Покрај Стразбур, протестите се одржуваат во Монпеље, Бордо и други градови на Франција.

Според информациите на весникот, на плоштадот Комедија во Монпеље се собрале стотина демонстранти, додека за време на протестите во Евер, како што соопштуваат властите, забележани се неколку инциденти.

Масовните протести на „Жолтите елеци“ во Франција започнаа на 17. ноември по највата за зголемување на данокот за горивото и цените на бензинот. Незадоволни од политиката на францусите власти, учесниците на протестите продолжуваат да излегуваат на улиците ширум земјата, без обзир на мерките за смирување на ситуацијата кои ги објави раководството на земјата.