дома Македонија ЖECTOKO БPAНЕА ПРОГРЕСИВНО ОДАНОЧУВАЊЕ: Сега бегaaт од одговорност за нeyспешната политика, да...

ЖECTOKO БPAНЕА ПРОГРЕСИВНО ОДАНОЧУВАЊЕ: Сега бегaaт од одговорност за нeyспешната политика, да ги вратат парите кои ги земаа на луѓето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за кумановската телевизија Плус вели дека за пропорционалниот данок ги предупредувале токму тие.

-Немојте луѓе штетно е ова, ова е репресивна политика, ова не е политика за стимулирање на стопанството, но они велеа дека ќе тераат со мерката за прогресивен данок, односно променлива стапка на данок и тогаш се сеќавам силно го бранеа двајца поранешни министри од редовите на СДСМ, Петар Гошев и Никола Поповски, а денеска гледаме како Заев низ вода го пушта и последниот Драган Тевдовски. Се сеќавам како жестоко ја бранеа оваа мерка, за да денеска истиот овој Заев излезе на телевизија и рече, а не важи, се извинуваме, вели Мицкоски.

Тој додава дека по ова никој не носи одговорност, ниту Зоран Заев, ниту тој до него кој требаше бизнисот да го зголеми за квалитетот на економијата, а тоа е вицепремиерот за економски прашања.

-Навистина со каква леснотија се поминуваат некои фаули што за некои луѓе живот им значат. Ако се чесни и честити до крај треба да направат сума на сите средства што ги одзеле од граѓаните по основ на овој данок и да им ги вратат. Ако тие тоа не го сторат, ние кога ќе дојдеме во таа фискална година ќе го направиме тоа, бидејќи мора да бидеме чесни кон граѓаните и да сносиме одговорност.